Наместо генерален лекарите во понеделник на предупредувачки штрајк

Од:

Откако судот експресно им го забрани генералниот штрајк. Од Синдикатот на лекарите најавија дека во понеделник ќе излезат на предупредувачки штрајк. Лекарите во меѓувреме ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд.

„Ќе се излезе половина час за време на паузата, во тек на работно време, да се изрази протестот на лекарите во Клиничкиот центар и во сите градови во Република Македонија“, изјавија од Синдикатот на лекари.

Судот вчера образложи дека одлуката со која се спречува штрајкот на лекарите е донесена поради тоа што Синдикатот не утврдил како ќе функционираат клиниките додека трае штрајкот. Министерот за здравство Никола Тодоров, кој ја даде одлуката за штрајк на Суд тврди дека „одредени структури“ се обидувале да ги нарушат преговорите со Синдикатот.

Би можело да ве интересира

Лекари од странство ќе ни помагаат преку телемедицина

Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

Бојчевски: Да се изедначи почетната нето плата на докторите во сите градови