„Наместо 40 одиме 100 километри за хемотерапија“ – на Онкологија измачени пациенти и исцрпени вработени

Од:

Распоредот со броеви на Клиниката за онкологија предизвика паника кај пациентите кои денес примаат онколошка терапија, а се дојдени од градовите ширум Македонија.

Пациентите утрово дошле во поголем број на Клиниката за да ја примат својата терапија, а недоразбирањето со бројчињата и поделбата на истите направило гужва која ги исплашила пациентите дека нема да стигнат на ред да примат терапија.

– Се создаде мала паника, бидејќи подоцна се почна, а пациентите веќе беа дојдени. Сите доаѓаме порано, ние од Прилеп стигнавме во 7 часот со цел да фатиме ред за бројче за хемотерапија, а во меѓувреме да одиме на преглед кај специјалистот онколог. Лекарите и сестрите прават натчовечки напори, на една од сестрите и се слоши утрово.

Видливо е дека недостасува персонал на клиниката и дека таа нема капацитет да ги опслужи сите пациенти од Македонија. Во Битола има онколошко одделение, но ние наместо 40 патуваме 140 километри за сопругата да добие терапија – истакна граѓанин од Прилеп за „А1он“ кој наизменично со сопругата се менуваа во чекалната која беше преполна со пациенти за да слушнат кога некоја од сестрите ќе им го изговори бројчето.

Би можело да ве интересира

Недостигаат онколози и патолози, Таравари најаува можен мораториум за одредени специјализации

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

СДСМ: По 20 години, во наше време, се расчистува случајот Онкологија, лагата на ДПМНЕ се покажа и со Анкетната комисија

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Се кратела ли терапија од пациенти, се препишувале ли лекови на починати, каде завршиле скапите лекови – хаос во документацијата на Онкологија

Тројца онколози и двајцата директори осомничени за скандалот Онкологија – обвинителството отвори постапка