Помалку новозаразени и починати, повеќе оздравени од Ковид-19 минатата недела

Од:

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 21 до 27 септември 2020, тестирани се вкупно 9.691 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е 0,3% повеќе во однос на минатата недела.

Регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи од 31 град во државата што претставува намалување од 6,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.

Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9.2% или 0.6 % помалку во однос на претходната недела, се наведува во соопштението.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=184, 20,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години (n=172; 19,3%), 50-59 (n=161; 18,1%), 30-39 (n=152; 17,1%) и 20-29 (n=121; 13,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=72; 8,1%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=864; 97,1%), регистрирани се 138 (16,0%) хоспитализирани, а кај 231 (26,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена), се вели во соопштението на МЗ.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 705 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување за 11% во однос на претходната недела.

Пријавени се 28 смртни случаи, намалување од 41,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, четири на возраст од 50-59 и еден од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица, информира Министерството за здравство.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Сovid-19 во Република Северна Македонија 21-27.09.2020г.,  како и Кумулативната состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски