Намалена видливост поради магла на Стража и на патот Тетово – село Гајре

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – с. Гајре и од 80 – 100 метри на планинскиот превој Стража, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Би можело да ве интересира

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег

Забарана за тешки товарни возила на два патни правци