Намалена цената за приклучок на канализациониот систем во општина Василево

Од:

Цената за приклучок на системот за канализација за физички лица во општина Василево е намалена од 18 на 14 илјади денари.

Оваа одлука ја донесе Советот на општината на последната седница, а според градоначалникот Марјан Јанев се очекува одлуката да ги даде очекуваните резултати, односно приклучување кон системот за канализација на сите оние домаќинства за кои се создадени услови за користење на оваа услуга.

-Една од причините поради која дојде до намалување на цената се последните пресметки направени од страна на службата во ЈПКД „Турија“, Василево. Со последниот тендер добиена е и пониска цена за материјалите што ЈПКД „Турија“ ги користи при поставувањето на приклучокот, кои директно влијаат на крајната цена. Друг исто така битен момент кој ни дава за право да очекуваме зголемен интерес после ова намалување се и барањата за пониска цена што редовно ни беа упатувани од страна на граѓаните на сите наши досегашни средби, прецизираше градоначалникот Јанев.

Во цената од 14.000 денари, како и досега, вклучена е монтажа на канализационен приклучок, односно ископ од главната линија и материјали.

Би можело да ве интересира

Кандидатот за градоначалник на Василево од ВМРО-ДПМНЕ нападнал активисти на СДСМ тврдат солијалдемократите

Катерина Ѓуровски

Советот на Василево даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

Ана Ололовска

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Ана Ололовска

Пендаровски во Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината, ќе победиме, масовно да излеземе на избори и да заокружиме број 3!

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Ана Ололовска

Општина Василево заврши со асфалтирање улици во три села

Ана Ололовска