Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

Од:

По еден сантиметар е намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е два сантиметра над дозволениот минимум 693,10 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,61 метар и е 11 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е повисок од просечниот и тоа за 2,67 метри.

Нивоата кај најголем дел од реките во земјава, пак, се во рамките на просекот и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера.

Би можело да ве интересира

Преспанско Езеро седум сантиметри под апсолутниот минимум, преполовени водостоите на повеќето реки,

Се намалува водостојот на реките

Водостојот на реките и двете најголеми езера, Охридското и Преспанското, под ноемврискиот просек

Жарко Настоски

Двојно намален водостојот на Вардар кај Јегуновце