Намален наталитетот, а зголемен морталитетот во третото тримесечје од 2021

Од:

Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 проценти и изнесува 5 065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи зголемување од 30.7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7 209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, за природното движење на населението во Република Северна Македонија.

Со тоа природниот прираст изнесува -2 144, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е за 11.7 проценти зголемен во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 4 398 бракови, додека според податоците на Државниот завод за статитика, добиени се 480 извештаи за разводите.

Би можело да ве интересира

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска

Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година

Ана Ололовска

Македонија со црни рекорди според смртноста: Во првите шест месеци починале 4 илјади луѓе повеќе за разлика од 2019 и 2020

Мери Јордановска

Природниот прираст негативен – лани 6 724 повеќе умрени од родени

Ана Ололовска

Во 2020 рекорден број починати во земјава: дневно умирале по 70 луѓе од кои 10 отсто од Ковид-19

Мери Јордановска