Намален бројот на запишани студенти минатата академска година во однос на 2018/2019

Од:

Во минатата академска 2019/2020 година, на прв циклус (додипломски студии) на факултетите и на високите стручни школи во земјава се запишале вкупно  51 734 студенти, што е помалку за 3,6 отсто во однос на академската 2018/2019 година.

Државниот завод за статистика врз основа на податоци добиени од  пристигнатите извештаи, денеска објави дека според полот, поголем е процентот на запишани студентки, 57,1  отсто односно 29 515.

Најголем број студенти (85,3 проценти) минатата академска година се запишани на државните високообразовни установи, додека 14 отсто се запишани на приватните.

-Прва година на студии во академската 2019/2020 година запишале 13 701 студент или 26,5 проценти. Тука се опфатени и студентите што втор, трет и повеќепати запишуваат прва година, соопшти ДЗС.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар