Намален бројот на умрени лица од насилна смрт

Од:

Бројот на умрени лица од насилна смрт во Република Северна Македонија е намален за 4,8 отсто во однос на претходната година и изнесува 454 умрени лица, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Последните податоци од ДЗС кажуваат дека умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет во државата учествуваат со 2,2 отсто.

– Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2019 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75,1 отсто. Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 71,4 отсто, потоа самоубиствата со 23,3 отсто и убиствата со 5,3 отсто. Во категоријата несреќни случаи најголемо учество со 40,5 отсто имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда, соопштија од ДЗС.

Кај категоријата самоубиства како што истакнуваат од ДЗС на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 13,2 отсто.

Во категоријата убиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје со 1,9 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Би можело да ве интересира

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Уругвајци тешко повредени откако излетале со мотор во кривипаланечко

Ја удрил со автомоби, па ја тепал сопругата со која се разведувале

Починат Турчин пронајден во хотел на Бит Пазар

Катерина Ѓуровски

52-годишник загина откако со мотор удрил во паркиран автомобил

Им зел 10 илјади евра за да „фати врски“ во судовите за пресуда во нивна корист

Катерина Ѓуровски