А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Намален бројот на првачиња во Крива Паланка

by А1он21/08/2017 - 14:18128
Share0

Во кривопаланечките основни училишта годинава во прво одделение се запишани 28 ученици помалку во однос на минатата учебна година. Од четврти септември вкупно 184 првачиња ќе посетуваат настава во учебната 2017 / 2018 година.

Добивај вести на вибер

Во основно општинско училиште „Илинден“ бројот на првачиња е драстично намален во однос на претходната учебна година, кога наставниот процес го следеле 101 првооделенец, додека во 2017/2018 година се запишани само осумдесет.

– Во централниот објект на ООУ „Илинден“ настава ќе посетуваат 50 првачиња, додека останатите 30 ќе учат во подрачните училишта во село Конопница и село Мождивњак. Бројот на новозапишани првачиња е помал бидејќи генерациски е помал бројот на дечиња родени 2011 година кои гравитираат во реонот на објектите на ова училиште, изјави директорот Оливер Дејановски.

Во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ запишани се 104 ученика. Од вкупно запишаните, 94 ќе посетуваат настава во матичното училиште, а другите десет во подрачните училишта.

Бројот на запишани првачиња во Јоаким Крчовски е зголемен за три споредено со лани.

Настава во прво одделение од септември 2017 година ќе посетуваат дечиња родени 2011 година или поточно сите деца кои ќе наполнат пет години и осум месеци заклучно со 31 декември годинава. Во минатата учебна, 2016/2017 година во двете основни училишта во Крива Паланка имало 202 првачиња.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 10:42

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:2326/02/2026 - 15:08

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он21/02/2026 - 17:06

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен