Намален бројот на превезени патници во патниот превоз

Од:

Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во третото тримесечје од 2017 година е намален за 3,7 отсто во споредба со истиот период лани, додека вкупниот број на патничките километри е зголемен за 1,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,8 отсто, во приградскиот за 3,5 отсто, додека во меѓуградскиот е зголемен за 11,7 проценти, а во меѓународниот зголемувањето изнесува 12,6 проценти. При тоа бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,7 отсто, во приградскиот е намален за 7,6, во меѓуградскиот е зголемен за 5,2, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 4,6 отсто.

Во однос, пак, на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 19,1 отсто и тоа во градскиот превоз е намален за 15,6 отсто, во приградскиот за 28,7, во меѓуградскиот намалувањето е за 4,4 отсто, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 33,2 проценти. Вкупниот број на патничките километри е намален за 17,3 отсто при што намалувањето во градскиот превоз е за 44,4 отсто, во приградскиот за 40, во меѓуградскиот за 2,5, а во меѓународниот превоз има зголемување од 19,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Скопјанец повреден при пад во автобус на ЈСП

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

60-годишна жена била нападната од возач на автобус на ЈСП

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa