Намален бројот на пожари во Струга

Од:

Трендот за појава на пожари во Струга и Струшко, особено на отворено, последните години се намалува, оцени командирот на Противпожарната единица Урим Каба.

– Во првите шест месеци минатата година регистрирани се 85 пожари, додека годинава бројот е намален за половина, рече Каба, нагласувајќи дека трендот за намалување се очекува и во летниот период.

Намалувањето на пожарите, според него, е резултат на подигнување на јавната свест кај граѓаните и  превентивните мерки што ги презема Противпожарната единица во Струга.

– Уште од мај ние преземаме мерки за информирање на јавноста со делење на постери и флаери за да ја зголемиме свеста кај граѓаните за што помалку да има палење на отворен простор. Апелирам до граѓаните да внимаваат при излегување во шумите, на отворен простор, полиња, да внимаваат при појавата од пожари, истакна Каба.

Посебно внимание, додаде тој, се посветува на летниот период кога се палат стрништа и се појавуваат шумски пожари. Како дел од мерките кои ги преземаат е и зголемувањето на средбите со претставници од урбаните и месните заедници и зголемување на соработката со сите релевантни институции.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски