Намален бројот на починати и новозаразени, за вакцинација се пријавени над 300 илјади граѓани

Од:

Намалување од 37,2 отсто на бројот нови случаи со Ковид-19 и намалување од 37,1 отсто на бројот на починати, регистрира Институтот за јавно здравје во вчера објавениот извештај за период од 3 до 9 мај.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа, регистрирани се 171 случај со Ковид-19, 26 починати и 409 оздравени пациенти.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројот на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а на активни случаи изнесува 10.308 од кои 4785 се во Скопје.

На инфективните одделенија во државава се лекуваат 701 пациент со Ковид-19 од кои 289 се во Скопје.

-Вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини против Ковид-19 во државава. Од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а втора доза примиле 23.862 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Со последните бројки 35 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, посочуваат од Министерството.

Оттаму информираат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата е 303.574 граѓани.

Нова пратка вакцини во земјава ќе стигне в петок, за кога е најавено дека ќе дојдат 38.400 вакцини „Астра зенека“. Ова е втората пратка вакцини што земјава ја добива преку Ковакс-механизмот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски