Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, информираат од Министерството за здравство.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569, а најголемиот дел се во главниот град, каде се регистрирани 1.941 активни случаи на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 373
• Аеродром – 154
• Бутел – 167
• Гази Баба – 192
• Центар – 144
• Карпош – 158
• Сарај – 140
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 109
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 91
• Арачиново – 50
• Илинден – 32
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 9
• Зелениково-8
• Странец – 2
• Нераспределен- 62
Министерството за здравство информира дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.