Наќе Чулев добил позитивен резултат на корона-тест

Од:

„Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид 19. За жал и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден,“ објави на својот Фејсбук-профил поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови.
Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето.

Уверен сум дека и овој предизвик ќе го победиме со внимание, грижа и позитивна мисла. Чувајте се и бидете во добро здравје!“, напиша Чулев.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Чулев: Во моментот на инцидентот во М-НАВ имало 40 прелети, авион оставен да кружи

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on