Накит украден од стан во Тетово

Од:

Штета од 240 илјади денари во полицијата пријавила Р.Б.(37) од Тетово откако засега непознати сторители вчера во периодот помеѓу 13 и 14 часот извршиле тешка кражба на накит од нејзиниот стан на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово.

Како штоинформираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сторителите на засега неутврден начин најверојатно со подесен клуч, калауз или друг погоден предмет ја отвориле влезната врата од станот и по целосното пребарување на сите простории од работната соба одзеле 4 женски златни прстени, еден златен ќустек со должина од еден метар, уште едно златно синџирче и еден машки прстен што сопственичката ги проценува на вкупно 240 илади денари. Со одземеното непознатите незабележани од никого го напуштиле станот.

По пријавата полицијата извршила увид и работи на расветлување на посоченото во пријавата и откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка