Најтопло во Гевгелија и Дојран, најмногу врнежи во Скопје – Петровец

Од:

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје – Петровец, шест литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка и Берово, еден литар на единица површина.

Во Виница, пак, се измерени четири литри на метар квадратен. Но, како што информира УХМР, овие вредности за количините врнежи се од дождомерните места.

Поради локалноста на процесите, водниот талог многу варира и во различни делови количината може да е многу поголема од измерената.

Според УХМР; утрово до 08:30 часот е најтопло во Гевгелија и Дојран, 21 степен, а најсвежо во Берово, 10 степени.

Дванаесет степени се измерени во Лазарополе, 13 во Крива Паланка и Маврови Анови, 14 во Битола, 15 во Тетово, Струмица, 16 во Скопје-Петровец, Охрид и Попова Шапка, 17 во Прилеп, Штип, Виница, Крушево, Куманово, Дебар и Велес, како и 18 сатепени во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Демир Капија и Кавадарци.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

аксималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 38 степени.

Би можело да ве интересира

Мерџановски: Зголемен број на пациенти кои се повредени во сообраќајки, a регистрирани се и колапси поради жештините

Горан Наумовски

Денеска сончево и многу топло

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 39 степени

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени

Жешкото време носи повеќе здравствени проблеми: Итната медицинска помош со рекорден број повици

Надлежните предупредуваат: До 7 август екстремни горештини – почитувајте ги мерките за заштита