Најтешко повредената жена во превртениот автобус префрлена во Ниш, останатите надвор од животна опасност

Од:

По добиените информации од дежурните лекари во болницата во Прокупље, кај нив во моментов се згрижени 16 пациенти, додека едната потешко поврдена пациентка е префрлена во болницата во Ниш. Сѐ уште се вршат испитувања над пациентите во Прокупље, но сите се надвор од животна опасност, информира МНР.

Во болницата во Блаце веќе нема згрижени пациенти, сите се пуштени на домашно лекување.

„Сѐ уште не се пристигнати детали за несреќата од страна на МВР на Србија. По добивање на информација од надлежните органи, соодветно ќе информираме“, велат од МНР.

Во несреќата која што изутринава се случи во Србија, кога се превртел македонски автобус кој превезувал патници на Копаоник, се повредени 26 лица. Сообраќајната несреќа се случила изутринава на патот Блаце – Белољин во Србија, кога автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник.Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа