Најтешко повредената девојка во сообраќајката во кочанско почна да дише сама

Од:

Четиринаесетгодишната девојка која беше најтешко повредена во сообраќајната несреќа во кочанско почна да дише сама, излезена е од потребата за дишење преку машина, но за натамошното лекување треба да бидеме вниманителни бидејќи се уште постојат проблеми, последици од повредата на мозокот, изјави денеска доктор Зорка Николовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

Таа посочи дека организмот на девојчето во однос на повредите на градниот кош многу коректно одговорил на терапијата и оти немале никакви компликации во текот на лекувањето.

– Ќе бидеме многу внимателни во понатамошниот тек. Имаме голема надеж дека лекувањето ќе биде според нашите посакувани патеки, истакна Николовска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека девојчето не е оперирано во меѓувреме и лекувањето се одвивало конзервативно преку вип третман-значи вентилација, инфузија за одржување на циркулацијата.

– За будноста на девојчето е работа која се уште не би ја одговориле бидејќи има се уште последици од контузијата на мозокот. Другите деца повредени во сообраќајката се пуштени на домашно лекување, додаде Николовска.

Сообраќајната несреќа се случи на 1 мај кога трактор со кој се превезуваа 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се преврте во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Возачот на тракторот загина на местото на несреќата, а неговата сопруга почина на пат кон Клиничкиот центар.

Би можело да ве интересира

Руски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Марибор-Љубљана

Горан Наумовски

Моторџијата кој го прегази Југо Николовски ќе одговара за тешки дела против безбедноста и за неукажување помош

Катерина Ѓуровски

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Момче е повредено во сообраќајка во Охрид

Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат Штип – Велес

Загина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово

А1он