Најстудено утрово во Скопје-Петровец и Берово, снежната покривка во Маврови Анови е 30 сантиметри

Од:

Најстудено со измерени -3 степени целзиусови утрово е во Скопје-Петровец и Берово, снежната покривка во Маврови Анови е 30 сантиметри, соопштија од УХМР.

Во Струмица и Демир Капија се измерени -2 степени, -1 Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, нула во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, 1 степен во Крива Паланка, 3 Прилеп, Дебар, Маврови Анови, Лазарополе и Попова Шапка, 4 Битола, Дојран, Виница, 5 Тетово, Крушево, 6 Претор и 7 степени во Охрид.

Висината на снежната покривка во 7 часот е 12 сантиметри во Крушево и 10 на Попова Шапка.

Времето во текот на ноќта и утрово, како што соопштија од УХМР, е малку до умерено облачно. Во западните делови дувало слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец и таму температурата утрово е повисока. Во останатите делови е постудено, а во некои котлини во Повардарието има магла.

Времето денеска во најголем дел од земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен, а во југоисточните слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени

Студено со појава на магла по котлините

Сончево со студено утро

Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер