Денеска ќе е сончево и студено

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и в петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.

Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево време со умерена локална облачност

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени