Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Од:

Утрово е најстудено на Попова Папка, -5 степени, каде има и најмногу снег, 70 сантиметри.

Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -4 степени во Маврови Анови и Крушево, -2 во Берово, -1 во Битола, Тетово, 0 во Куманово, Крива Паланка и Кавадарци, 1 во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Претор и Прилеп, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија и Велес и 3 во Виница и Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 56 сантиметри во Маврови Анови, 4 во Тетово и 2 во Гостивар.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Би можело да ве интересира

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива без застои

Горан Наумовски

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег