А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Најскапи спорови од мала вредност во основните судови Скопје 2, Неготино и Делчево, а најнерешени предмети во Основен Суд Скопје 2 според анализата на ЦПИА

by А1он22/03/2019 - 14:46298
Share0

Најскапи спорови од мала вредност се во основниот суд Скопје 2, Основен суд Неготино и Основен суд Делчево, а најнерешени предмети во Основен Суд Скопје 2 според анализата на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) изготвена во рамки на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста во судскиот систем во Македонија“. Анализата е поддржана од Британската амдасада во Скопје, а целта е подобрување на ефикасноста на судовите во државата.

Добивај вести на вибер

– Анализата за споровите од мала вредност е изготвена во период од 2015 до 2017 година на територија на целата држава. Во тој период имало вкупно 27.002 случаja. Вкупниот број нерешени предмети е 967, а најголема просечна вредност на спорот во овој тригодишен период се движи околу 90.000 денари. Просечниот број рочишта во спор од мала вредност изнесува 2,5 рочишта, рече Ивица Пеповски од ЦПИА, директен изработувач на анализата.

Најмногу спорови од мала вредност се однесувале помеѓу граѓански лица и трговски субјекти, а максималниот број рочишта во период од 2015 до 2017 година е 26.

– Се што е над десет одржани рочишта се смета за екстремна вредност. Во 18 од 25 судови, 72 отсто имаат случај со одржани повеќе од десет рочишта. Шестотини четириесет и три случаи имаат одржано десет или повеќе рочишта по предмет. Најголем дел од овие случаи се во во Основен суд Скопје 2, односно со повеќе од 70 отсто, потоа во Тетово, Гостивар и Кичево. Бројката треба да се намали за да се намалат и вкупните трошоци, додаде Пеповски.

Посочи дека буџетските трошоци по случај од мала вредност изнесува 3.473 во просек и се движат од 3.000 до 3.940 денари по случај.

– За решени 56.038 спорови се проценуваат вкупно 90 милиони денари. Вкупен приход од спор за мала вредност изнесува 56 милиони денари. Тоа значи дека постои потенцијал за зголемување на ефикасноста, објасни Пеповски.

pravda

Би можело да ве интересира

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Горан Наумовски19/12/2025 - 08:33

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Горан Наумовски06/10/2025 - 12:48

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Горан Наумовски03/10/2025 - 13:58

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Горан Наумовски31/03/2025 - 11:28

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

Горан Наумовски29/12/2024 - 13:24

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Горан Наумовски27/12/2024 - 12:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен