А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Најмногу жалби до Советот за етика за некоректно известување и говор на омраза

by А1он29/06/2016 - 11:18146
Share0

За две години постоење до Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) досега пристигнале 121 жалба и претставка, од кои за 98 се донесени одлуки. Најчести подносители на жалби се граѓаните, самите медиуми и политичарите, а најчести теми се вистинитоста и нефер известувањето, говорот на омраза и навредите и клеветите, информираa претставници на Советот на денешната прес-конференција.

Добивај вести на вибер

Извршниот директор на СЕММ, Марина Тунева, истакна дека значењето на саморегулацијата полека се препознава, но и дека се уште е потребно да се работи активно на информираноста и за значењето и ефектите на саморегулацијата во заштитата на слободата на медиумите и правото на јавноста да биде етички и професионално информирана.

Драган Антоновски од СЕММ рече дека тоа што е битно е оти се прават грешки во професијата и има начин да се исправат, се разбира ако не се ненамерни.

– Не мора да се да заврши на суд со тужби и казни. Ние работиме со моралните казни и етичкиот кодекс. Може да се згреши и мора да се признае грешката. Тешко е, но мора да се научиме на професионалност и на правила, истакна Антоновски.

Посочи дека Советот за етика е подготвен и веќе е медијатор со медиумите, како и дека медиумите со потпишувањето на Повелбата на 12 февруари се подготвени да го почитуваат кодексот.

Сефер Тахири од ССЕММ, истакна дека бројот на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрување на медиумскиот систем во земјата. аа/са/11:00

sovet za etika

Би можело да ве интересира

Совет за етика: Изјавата на Заев е недолична и несоодветна за носител на јавна функција

А1он14/08/2019 - 11:3114/08/2019 - 12:03

Совет за етика: Ги повикуваме медиумите да информираат, а не да ги лажат граѓаните

Предраг Петровиќ05/09/2016 - 13:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен