Најмногу новороденчиња во Чаир, Гази Баба и Сарај

Од:

Во општините Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров опаѓа наталитетот, додека во Чаир, Гази Баба и Сарај расте.

Општина Чаир е прва на листата на скопските општини по бројот на новороденчиња изминатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последните три месеци лани, бројот на новороденчиња во оваа општина лани бил 295. Покрај тоа, оваа оопштина предничи и по зголемување на бројот на жители, поточно кога ќе се одземе бројот на починатите од бројот на родените се добива дека бројот на жители во четвртиот квартал се зголемил на 146 луѓе.

Втора со најмногу новороденчиња е Гази Баба со 221 бебе. Додека трета, е општина Сарај со 196 новороденчиња.

За разлика од овие општини, во општина Карпош и покрај тоа што се родиле 159 дечиња, наталитетот се намалил и се забележува негативен природен прираст од минус 24. Бројот на жители се намалил во Кисела вода за 10 и во Ѓорче Петров за 6, додека останатите општини добиле плус жители.

Негативен прираст посебно е изразен во определени региони во источна и централна Македонија, каде веќе има целосно испразнување на градовите.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан