Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во главниот град се регистрирани 63 нови случаи на Ковид-19, а починати се тројца пациенти на возраст од од 44, 61 и 67 години.
Во последното деноноќие Институтот за јавно здравје регистрира 275 оздравени пациенти од Скопје. Од почетокот на епидемијата има 33 844 заразени од кои во моментов активни се 11 609 случаи на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје:
Гази Баба – 1712
Аеродром – 1589
Кисела Вода – 1560
Карпош – 1522
Центар – 1309
Ѓорче Петров – 1071
Чаир – 697
Бутел – 591
Илинден – 312
Шуто Оризари – 187
Сарај – 176
Петровец – 113
Зелениково – 110
Чучер Сандево – 103
Сопиште – 85
Студеничани – 59
Арачиново – 23
Странец – 274
Нераспределени – 116
МЗ известува дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.