Најмладите од општина Илинден го означија почетокот на Денот на дрвото

Од:

Дечињата од градинката „Гоце Делчев“ и учениците од основните училишта на територијата на Општина Илинден заедно со претставниците од здружението на граѓани „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, со симболично засадување на неколку дрвца го означија почетокот на годинешната есенска акција за пошумување.

Засадувањето се одвиваше на две локации и тоа во дворот на Модуларното училиште, како и во детската градинка „Гоце Делчев“. Најмладите не ја криеа радост што се дел од 10-то јубилејно садење на садници и со многу љубов помогнаа во засадувањето на дрвцата.

При посетата преставниците од здружението на граѓани „Ден на дрвото“ ги советуваа најмладите како се сади и како потоа се води грижа за садниците, а меѓу гостите беше и музичарот Васко Форти, кој со песна ги анимираше најмладите. Годинава акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ ќе се одржи по 10-ти пат, на 21 ноември, под мотото „Спортски е да се сади“. Општина Илинден веќе петта година активно учествува во акцијата „Ден на дрвото“, а во досегашните девет акции за пошумување на нејзината територија, засадени се близу 1.250.000 садници на површина од 590 хектари.

Би можело да ве интересира

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ