Во болнички услови, денеска починал 28-годишен пациент од Ковид-19. Тој е најмладата жртва на вирусот во текот на изминатото деноноќие.
28-годишниот маж бил со две хронични заболувања и починал на една од скопските Клиники, велат од Министерството за здравство, за „А1он“.
Меѓу најмладите што ја загубиле битката со Ковид-19 е и пациент на возраст од 49 години од Радовиш и на 59 години од Битола.
Останатите починати пациенти што се пријавени денеска се на возраст од 60 до 87 години.
Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.