Најмалку 5 жртви во автобуската несреќа на автопатот Скопје – Тетово

Од:

Најмалку петмина се загинати во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кога патнички автобус околу 17 часот од непознати причини се преврте од патот. Неофицијално дознаваме дека двајца загинале на лице место, а на другите им била вршена реанимација, но безуспешно.

Триесетина пациенти од страотната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово се пренесени во Градската болница „8 септември“. Во моментов има општа мобилицација на медицински кадар, повикани се голем број анестезиолози и медицински сестри под итно да пружат помош на повредените во несреќата.

Неофицијално, има патници кои имаат повреди на главата и на дел од нив ќе бидат извршени хируршки интервенции. Дел од патниците се пренесени на Клиничкиот центар каде под итно им се пружа медицинска помош.

Според екипата на „А1он“ од терен, извлечени се сите патници и пренесени во медицинските установи во Скопје.

Нашиот новинар на терен сведочи дека на лице место има голем број полициски екипи, противпожарни возила и десетина амбулантни возила.

Автопатот Скопје – Тетово е целосно во прекин.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он