Каевски: Најголеми лаги на Мицкоски во 2022 година, лага 1: асимилација и бугаризација

Од:

2022 е година којашто ќе остане запаметена по голем број лаги и невистини на Христијан Мицкоски. Мицкоски стана целосен заложник на Димитар Апасиев. Немаше период од годината а Мицкоски да не излезеше со тешка лага, манипулација или конструкција рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– Лага број #1, првата и најголема лага на Мицкоски за 2022 година е дека ќе ни се случи асимилација и бугаризација! Со оваа голема лага Мицкоски и Апасиев создаваа хистерија во јавноста и го потпалуваа народот. Токму под слоганот „Не за асимилација и бугаризација“ Мицкоски и Апасиев водеа секојдневни насилни протести против францускиот односно европскиот предлог. Резултат на таа хистерија беа насилните протести и фрлањето молотиви коктели врз институциите. Лажеше Мицкоски и за македонскиот јазик, заедно со неговите пратеници лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект.Се потврди дека Мицкоски ги лаже сопствените граѓани, нема став и затоа е во целосно заложништво на Димитар Апасиев.Едноставно, на Мицкоски не може да му се верува рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е посветена на европскиот пат, но без билатерални условувања

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски