Најголем процент заболени од Ковид-19 на возраст од 50 до 59 години, од хоспитализираните 31,3 отсто со коморбидитети

Од:

Најголем процент од новозаболените во периодот од 20 до 26 јули се лица на возраст од 50 до 59 години (22,3 отсто), а поголем број заболени се регистрира и кај лица на возраст од 40 до 49 години и над 60 години – 19,6 отсто во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 2,6 отсто и од 10 до 19 години – 4,7 отсто од вкупниот број на новозаболени, покажуваат податоците од денеска објавениот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 20 до 26 јули.

Во извештајот се евидентира намалување на бројот на новозаболени и починати лица од Ковид-19, а зголемување на бројот на оздравени во однос на претходната недела.

Од вкупно 32 смртни случаи во наведениот период, што е за 12 помалку од претходниот период, најголем број се лица на возраст над 60 години (84,4 отсто).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2 отсто, а кај 279 лица или кај 31,3 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4 отсто имале контакт со потврден случај на Ковид-19, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска