Институтот за јавно здравје ја објави податоци за состојбата со Ковид-19 во земјава за минатата недела.
Регистрирани сe 2.804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 3,7% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 9,9% до 16,0%, просечно 13,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје
(n=1.293; 46,1%), со неделна инциденца – 203,9/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=714, 25,5%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=94; 3,4%).
Во соопштението се вели дека се забележува зголемување на бројот на заболени скоро кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 20-29 години, 11,4% повеќе во однос на претходната недела. Намалување се забележува кај возрасните групи од 0-9 години (-17,5%) и над 60 години (-1,2%).
Оздравеле 2.205 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Во текот на мината недела вкупно се пријавени 38 реинфекции, зголемување од 5,6% во однос на претходната недела. Пријавен е 71 смртен случај во 20 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (18).
Најголем број (n=58; 81,7%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (5), 40-49 години (5), 30-39 години (2) и од 10-19 години (1 лице).