Најдено е младо куче затворено во напуштен автомобил

Од:

„На територија на Скопје, по претходна пријава на граѓани беше пронајдено младо женско куче, на возраст од приближно една година, затворено во напуштен автомобил – без вода, храна или провев, изложено на екстремни температури и во загрижувачки услови. Благодарение на навремена реакција, животното е извадено и моментално е во процес на опоравување. Се работи на стабилизирање на нејзината психофизичка состојба, а случајот е пријавен до надлежните институции“ соопштија од ЈП „Лајка“.

Според сведоштва од жители на местото, ова не е прв пат истото лице да држи животни во вакви услови.

Претходно, биле забележани уште две кучиња од расата кане корсо кои исто така биле чувани во запуштени, нехумани услови.

„Станува збор за континуирано и сериозно кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните, кое бара итна реакција од институциите. Апелираме до надлежните органи да постапат со целосна сериозност и да преземат мерки за да се спречи понатамошно загрозување на животните од страна на ова лице.
Потсетуваме дека затворање на кучиња во автомобили, особено во лето, може да доведе до фатални последици за само неколку минути. Граѓаните кои имаат информации за случајот или други слични примери ги охрабруваме да се јават и да помогнат во борбата против насилството врз животни“ велат од „Лајка“.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против тројца за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс кое угина вчера

A1on

Умре Феликс, кучето кое безмилосно беше тепано со стап по глава, а неговата судбина ја сплоти цела Македонија

A1on

Законот што треба да го реши проблемот со бездомните кучиња четири години е заглавен, општините речиси и не плаќаат за „Лајка“

Катерина Ѓуровски

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

Го врзале и го оставиле без храна и вода – „Лајка“ сподели ужасна приказна на напуштено куче

„Лајка“ оваа седмица ќе заловува во Аеродром