Најблиските луѓе на Груевски и натаму на платниот список во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Осудени и обвинети во случаи од згаснатото Специјално јавно обвинителство, поранешни функционери, но и најблиски соработници на Никола Груевски се дел од вработените, кои добиваат плата од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу нив е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на експремиерот Никола Груевски и ексгенерален секретар на партијата, Мартин Протуѓер, поранешниот портпарол на Владата, Александар Ѓорѓиев, како и Луке Галески кој се најде на листата советници на Груевски. Од останатите познати имиња кои земаат плата од ВМРО-ДПМНЕ се и Александар Николоски и Игор Јанушев, сега носители на листи во две изборни единици. Познат на јавноста и натаму вработен во ВМРО-ДПМНЕ е и Иво Котевски кој претходно беше портпарол на МВР кога министерка беше Јанкулоска.

Ексминистерката Јанкулоска во изјава за „А1он“, не сакаше да открие дали е вработена во ВМРО-ДПМНЕ и нè упати одговор да побараме од партијата. Јанкулоска, која е осудена во случајот „Тенк“ на четири години казна затвор, а обвинета во „Титаник“ „Таргет-Тврдина“ заедно со Никола Груевски и Сашо Мијалков, не кажа ниту дали извршува работни задачи во партијата.

„Ве молам не можам сега да разговарам. Обратете се официјално ќе ви кажат. На место сум каде што не можам да разговарам“, рече Јанкуловска по што го прекина повикот.

„А1он“ упати прашања и во ВМРО-ДПМНЕ за ангажманот на сите вработени и пријавени во Агенцијата за вработување. Меѓу нив и за Јанкулоска, но и на Мартин Протоѓер, кој шефуваше во кабинетот на Груевски се до неговата оставка, а сега е обвинет во случајот на СЈО, „Титаник“ за злосторничко здружување, кршење на избирачките права и злоупотреба на службените овластувања. Оттаму, до објавувањето, не дадоа никаков одговор.

Единствен кој одговори на нашите прашања беше Иво Котески, поранешен портпарол на Министерството за внатрешни работи. Неговиот глас се слушаше во бомбите кои ги објави СДСМ во 2015 година, но никогаш не беше обвинет од поранешното СЈО, од каде тврдеа дека немаат докази дека тој некогаш сторил криминал.

„Точно, вработен сум во делот за ПР на партијата“, рече кратко Котевски.

Од крајот на декември 2018 година, плата од ВМРО-ДПМНЕ зема и Александар Ѓорѓиев кој беше поранешен портпарол на Владата од 2012 до 2017 година. Тој не одговори на нашите повици за ја да потврди или демантира информацијата, но и да одговори какви работни задачи извршува во партијата.

На листата вработени во партијата од крајот на 2017 е и Луке Галески, дел од листата советници на Груевски. Галески го придружуваше поранешниот премиер и на јавни настапи, а на последните локални избори, по предлог на Груевски е и член на Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. Тој исто така не одговори на пораките од „А1он“ за да каже какви активности извршува во партијата.

Повеќе од две години вработен во ВМРО-ДПМНЕ е и потпретседателот на партијата, поранешен пратеник, кој сега е и носител на листата во изборна единица четири, Александар Николоски. Покрај него, година и неколку месеци, работно место во партијата има и Игор Јанушев, сегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје