Најавите за силен земјотрес во Охрид невистини, се шири паника непотребно

Од:

Најавите за силен земјотрес во Охрид се невистини, вели за А1он директорот на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Михаил Гаревски.

Според него, таа вест ја пуштил некој кој нема никаква поврзаност со сеизмологија.

Од мое искуство 40 годишно, типични се паниките, не еднаш, кога има почесто земјотреси некој пренесува дека ете точно во толку часот ќе се случи земјотрес со таа магнитуда. Ниту еден сеизмолог не може тоа да го предвиди, вели Гаревски за А1он.

Тој вели дека сите земјотреси по вчерашниот од 5 степени се афтер шокови и нагласи дека не очекува поголем земјотрес.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар