Најавени проекти за подобрување на водоснабдувањето и патната мрежа во Кавадарци

Од:

Ќе се подобрува водоснабдувањето во Кавадарци со проект на КФВ банката за што се очекува на наредната седница на Владата да помине одлуката и врз основа на тоа да се склучи договор меѓу банката и Министерството за транспорт и врски, за да може да се користат парите.

Планираните активности беа тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Се работи за грант од 2,5 милиони евра кој Кавадарци го доби од банката, а ќе се искористи за заподобро водоснабдување и во делот на атмосферската канализација.

Сугарески и Јанчев информирале за проектите кои треба да се спроведат преку Владата и локалната самоуправа.

– Една од темите беше делот на патната инфраструктура, станува збор за проектите околу Кавадарци, патот Градско-Прилеп каде две делници се работат. Тука е и патот Кавадарци-Росоман во должина од 8 километри, тендерот е во тек и очекуваме да отпочне од август септември дел, транзитниот дел околу Кавадарци, информираше министерот Сугарески.

На средбата се разговарало и за гасификацијата на Кавадарци.

– Очекуваме за кракот од Неготино кој се движи преку Кавадарци и оди се до Битола да се интензивираат активностите. Очекуваме сите проекти да бидат реализирани согласно роковите. Владата останува сериозен партнер на општините и стоиме на располагање комплетно во делот на сите проекти кои ќе треба да бидат реализирани, соопшти Сугарески.

Во однос на барањата на тиквешани да се поврзат Кавадарци и Росоман преку Дисан, со што патот од Дисан до Кавадарци би се намалил од 18 на 8 километри, Сугарески рече дека е потребно да се изработи сериозен проект и врз основа на тоа да се види финансирањето и потребата која ја имаат граѓаните.

Јанчев информираше дека во општината до крајот на оваа година се очекува да се заврши Западен булевар со должина од 1.200 метри, со четири ленти, комплетно осветлен со атмосферска каналзиација и водоводна мрежа, инвестиција од 60 милиони денари која се реализира со Агенцијата за патишта и Министерството.

– Се очекува и Северниот булевар кој го имаме од улица „Шишка” до бензинската пумпа да го реконструираме комплетно, тука одиме заедно со Светска банка преку Министерството и дел преку Вардарски плански регион. Така што, овие два влеза на Кавадарци ќе бидат комплетно решени и ќе има подобар пристап и за луѓето и за фирмите кои транзитираат на овој дел, појасни Јанчев.

Тој соопшти дека локалната самоуправа ќе бара исто така заеднички да се направи проект за патниот правец до Дисан, но и за обиколница од пред селото Марена преку Дрекслмаер и Југокомерц. Додаде дека се тоа стратешки проекти за Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Братоубиство во Кавадарци, предложен притвор за сторителот

Кавадарчанец си го убил братот па го закопал во помошен објект од заедничката куќа

Горан Наумовски

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил