Најава за целоноќни протести во Битола за оставка на градоначалникот Талески

Од:

Битолчани за идната недела најавуваат дека ќе започнат со целоноќни протести пред Општина Битола, кои ќе траат сè додека градоначалникот Владимир Талески не си поднесе оставка.

Револтирани од неиполнетите ветувањата на Талески дека граѓаните ќе имаат точни и навремени информации каков воздух дишат и кој или кои се примарните загадувачи на амбиенталниот воздух во градот, членовите на здружението „За нас се работи“, чија главна агенда е чист воздух за битолчани, најавуваат дека следната среда, на 27 мај, масовно ќе излезат на нов протест.

Според Горан Пинза, портпарол и еден од основачите на здружението, протестот ќе почне в среда, во 18.30 часот, пред споменикот на Стив Наумов на Широк сокак во Битола или, како што членовите на здужението го нарекоа местото, „Плоштад будење“.

– Излегуваме на масовен протест пред вратите на Општината, бидејќи градоначалникот Талески не го испочитува меморандумот што заедно го потпишавме, со кој Општината се обврза уште во декември лани да распише тендер за избор на фирма што ќе го врши мерењето на квалитетот на воздухот во градот и хемискиот состав на ПМ10-честичките. Граѓаните имаат право да знаат каков воздух дишат – вели Пинза.

Тој додава дека ноќта демонстрантите ќе ја поминат будни пред Општината, а следното утро ќе му биде врачена оставката на Талески.

– Ќе ја блокираме Општината и булеварот, таму ќе ја поминеме ноќта, а ако не ја потпише оставката, тогаш следниот понеделник, на 1 јуни, ќе почнеме постапка за распишување референдум за предвремени локални избори во Битола. Тоа ќе биде нашиот следен легитимен институционален чекор – најавува Пинза.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола