Награди за најталентираните ученици за Денот на општина Центар

Од:

Талентираните ученици од основните училишта во општина Центар добија месечни стипендии. 14 од нив ќе добиваат по 2.000 денари, а еден ученик 2.500 денари месечно.

Најубаво уредените училници во одделенска настава и по предметна настава како награда добија ЛЦД проектор, како и најактивните училишта на фејсбук страната на Одделението за образование. Шест сооодветни подароци за ученици и две награди за училишта учесници во проектот „И ние децата сме учесници во сообраќајот“. Два велосипеди добија училиштата по пат на жребување.

Признанијата на најдобрите и најталентираните кои се во рамки на одбележувањето на Денот на општината им ги додели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Пред присутните, ученици, наставници, родители, колеги градоначалници и вработени во општинската администрација, вети дека децата се и ќе бидат врвен приоритет и ќе имаат најдобри услови за престој, забава и образование.

„Општина Центар, точно утре полни 41 година. Пред нас се многу предизвици за чие исполнување ќе бидат потребни посветеност и енергија. Центарци ја имаат таа енергија, водени пред сѐ од љубовта кон општината. Се разбира најголемата одговорност ја имаме јас како градоначалник и мојот тим. Ние во предизборниот период дадовме ветувања и цврсто стоиме зад нив. Центар беше Ел Дорадо за урбанистичко дивеење .Ќе го средиме хаосот во Центар од секој аспект. Ќе ги ослободиме тротоарите, ќе направиме сѐ што е во наша моќ да се намали загадувањето“, рече Богдановиќ.

Градоначалникот ги покани присутните заедно утре во дворот на општината на прослава на 41-от роденден на општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски