Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките

Од:

Општина Кисела Вода и годинава ја продолжува традицијата на наградување и стимулирање на талентираните ученици и спортисти од основните училишта и наградување на најдобрите просветни работници од основните училишта и јавните детски градинки кои опстојуваат на територијата на општината.

Имено, од понеделникот (27.05) тече јавниот оглас за пријавување на најдобрите основци, кои постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата и спортот, а обезбедени се и стимулативни награди и за просветните работници кои дале посебен придонес во областа на воспитно – образованиот процес, како и во делот на стручната работа со учениците.

Нема да изостанат и награди и признанија и за воспитувачите и негователите од детските градинки, кои со својата работа придонесуваат за згрижувањето, воспитувањето и образованието на најмалите жители на општината Кисела Вода.

Во програмите за работа на Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура предвидени се финансиски средства за таа намена, а мешовити комисии составени од претставници од Советите на родителите, Наставничките совети, стручните совети на градинките, Управните и Училишните одбори, општинската администрација и членовите на Советот на општината ќе се погрижат за објективен и транспарентен избор на најдобрите, согласно критериумите во Правилниците донесени од Советот на општината Кисела Вода, за таа намена.

Огласот е објавен на веб страната на општината на ден 27.05.2019 година и ќе трае пет дена од денот на објавувањето, односно заклучно со 31.05.2019 година.

Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат условите во огласот, воопшто да не се колебаат и да земат учество во изборот.

Наградите официјално ќе бидат доделени од страна на Градоначалникот на општината, по повод роденденот на општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода