Награди за најдобрите средношколци по информатика во Штип

Од:

Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев на најдобрите информатичари од три средни училишта во Штип денеска им врачи награди за изработка на постер за Штипско културно лето.

Средношколците на натпреварот по информатика се натреваруваа под покровителство на Општина Штип, која им додели вредносни ваучери во износи од 2.000, 3.000 и од 4.000 денари.

– Општина Штип ќе ги мотивира средношколците преку натпреварите кои ќе ги организираме, а за наредниот период ќе се потрудиме да обезбедиме и стипендии за најдобрите средношколци, рече Захариев.

Натпреварот по информатика на општинско ниво се организира трета година по ред. Во изминатите две тие изработија промотивни филмови за градот Штип и ги уредија веб-страниците на своите училишта.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор