А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Награди за најдобрите литературни и ликовни твроби „Жената во секојдневието“

by А1он09/03/2017 - 16:0610/03/2017 - 08:16157
Share0

Во Струмица денеска беа доделени наградите за најдобрите ликовни и литературни творби од конкурсот на тема „Жената во секојдневието“, на кој учествуваа ученици од основните и од средните училишта од регионот.

Добивај вести на вибер

Беше отворена и ликовна изложба од пристигнатите дела, а наградените млади писатели ги прочитаа своите творби. Конкурсот го организираше општинската установа Центар за деца за млади „Благој Јанков-Мучето“, во соработка со Општина Струмица.

– Темата која ја избравме е „Жената во секојдневието“. Значи – жена адвокатка, докторка, политичарка итн. Целта ни е да прикажеме дека жената нема само улога на мајка или родител, чија основна задача е да се грижи за домот и семејството, туку дека жената го може истото што го може и мажот. Сакаме да ја покажеме и афирмираме родовата еднаквост, рече Светлана Мазгалоска-Вуќетиќ од Центарот за деца и млади.

Годинава првпат во реализацијата на традиционалниот конкурс за одбележување на Меѓународниот ден на жената се вклучи и Општина Струмица, преку Одделението за локален економски развој, каде како партнер во Стратегијата и Програмата за родова еднаквост учествува и Центарот за деца и млади.

Организаторите велат дека се задоволни од интересот и од бројот на пристигнати литературни и ликовни творби.

knizevnost

Би можело да ве интересира

Македонската книжевност за деца во фокусот на Филозофскиот факултет во Љубљана

А1он06/12/2025 - 08:54

Отворен повик за илустрации за проектот „Современи бајки од Македонија“

Ана Ололовска16/03/2021 - 13:48

Промоција на книгата „Македонските мултиетнички загатки“

Ана Ололовска04/07/2017 - 08:19

Почина поетот Игор Исаковски

Ана Ололовска16/12/2014 - 11:2816/12/2014 - 11:36

Нова книга есеи на Александар Прокопиев

Емир Латифовиќ18/09/2014 - 15:09

Почина писателот Милутин Бебекоски

Ана Ололовска18/09/2014 - 12:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен