Награди за најбрзите и највештите велосипедисти од основните училишта во Центар

Од:

Учениците од основните училишта во општина Центар денеска се натпреваруваа и ги покажаа своите вештини во возење велосипед. Најдобрите шестмина добија пригодни награди, а две училишта од општина Центар, ООУ „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, добија велосипеди. Настанот беше дел од проектот „Цел Центар на Точак“.

Проектот за сообраќајно воспитување се изведуваше во секое училиште во општината за учениците од шесто до девето одделение, а целта беше да се зголеми активноста на децата како учесници во сообраќајот.

Им беа посочени предностите од користењето велосипед, како и правилата за безбедно учество во сообраќајот.

Честитајќи им на најдобрите и највештите, градоначалникот Саша Богдановиќ напомена дека Општината води грижа и секогаш ќе ги поддржува активностите и проектите за најмладите, за поздрав живот и нивна безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар