Наградени најдобрите воспитувачи, негуватели и стручни соработници во Општина Центар

Од:

Денес во матичниот објект на градинката „13 Ноември“, Општина Центар одржа завршна манифестација на која беа доделени наградите за најдобар воспитувач, негувател, а за прв пат оваа година и за најдобар стручен соработник.

„Една стара кинеска поговорка вели „ДЕТСКИОТ ЖИВОТ Е КАКО ПАРЧЕ ХАРТИЈА НА КОЕ СЕКОЈ ОСТАВА БЕЛЕШКИ” а јас би додала дека највпечатливи и најтемелни белешки се оние кои децата ги добиваат од своите воспитувачки и од своите негувателки.“ – истакна директорката на градинката 13 Ноември, Лидија Пецева.

Оваа манифестација се одржува традиционално петта година по ред, пред се како мотивација за трудот и вложувањата кои вработените во детските градинки го пружаат на најмладите.

Во оваа пригода, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, им честиташе на наградените, посочувајќи дека тој како Градоначалник како и целокупната Општина секогаш стои на располагање на потребите на детските градинки пред се заради тоа што децата се нашата иднина и движечка сила во целокупниот општествен процес, се вели во соопштението на Општина Центар.

На овој настан Градоначалникот додели 19 награди на следните категории:

НАЈДОБАР ВОСПИТУВАЧ
– ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“: МАРИЈАНА ПОПОВСКА, САШКА МИХАЈЛОВСКА, ОЛИВЕРА ЃОРЕВСКА
– ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“: АНЕТА СИМОНОВСКА, РУЖИЦА БИЏОВСКА, БЛАГИЦА ЧАНЕВСКА
– ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин“: РОСА ЦВЕТАНОВСКА, ЈЕЛЕНА ВАНГЕЛОВА

НАЈДОБАР НЕГУВАТЕЛ
– ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“: ДАНИЕЛА МИТИЌ, КРИСТИНА ГЕРМОВСКА, НЕШКА ПОПОВСКА
– ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“: АНЕТА ЖИВАНОВСКА, СУЗАНА ГАЛОВСКА, АНЕТА МИЛАНОВСКА
– ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин“: АНА ЈАНЕВА, КРИСТИНА ПАВЛОВА

НАЈДОБАР СТРУЧЕН (СО)РАБОТНИК
– ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“: ПЕРИХАН БЕКИР
– ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“: КАТЕРИНА БУТЛЕСКА ИЛИЌ
– ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин“: ИВАНА МИРЧЕВСКИ

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски