Наградени најдобрите на конкурсот на Град Скопје за заштита на животната средина

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска ги додели наградите на најдобрите на традиционалниот градски конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта во Скопје.

– Град Скопје го реализира овој конкурс со цел поттикнување што поголема грижа за животната средина, како и за мотивирање на учениците што повеќе да се грижат за средината во која што живеат. Овој проект има одлични резултати во однос на подигнувањето на свеста за заштитата на животната средина и веќе традиционално се одржува секоја година, рече градоначалникот Трајановски.

Јавниот конкурс беше објавен на 21 март 2017 година и траеше до 16 мај 2017 година. Пристигнатите пријави беа разгледани од Комисија формирана од претставници од секторите на Град Скопје.

Годинава наградени се Градежниот институт Македонија АД Скопје, кој има прикажано успешна примена на стандардот ИСО 14001 и придонес во зачувување на животната средина, Елколект ДОО, компанија која е колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Наградата ќе биде донирана на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.

Најубаво уреден двор во индивидуално домување има Весна Игњатовиќ, а најубаво уреден двор на институција ООУ „25 Мај“ Скопје.

Најубав состав на тема екологија има Леузана Асани, шесто одделение при ООУ „25 Мај“ и Симона Симоновска од СУГС „Раде Јовчески Корчагин“ – Скопје.

Најубав цртеж на тема екологија има Ева Карамановска, седмо одделени при ООУ „Рајко Жинзифов“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси