Наградата „Феникс“ во рацете на најуспешните

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска ја додели наградата „Феникс“. Наградата е наречена по митолошката птица Феникс која е симбол на општина Центар.

„Доделувањето на наградата Феникс за најдобри постигнувања ни е еден од најдрагите и најбитни проекти, затоа што сакаме да ги наградиме и стимулираме оние кои дале свој придонес во развој и афирмација на општината. Ги поттикнувам оние кои се најдобри и чии достигнувања се од значење за развојот на општината да продолжат и да постигнуваат што поголеми резултати“, рече градоначалникот Саша Богдановиќ.

Наградата Феникс за прв пат е доделена 2002 година и се доделува на физички и правни лица жители на општина Центар како знак на општествено признание за особени постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштита и унапредување на животната средина, стопанството, како и други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.

Добитници на наградата Феникс:
Кандидати поединци и групи творци :
Стоилко Стоицев за постигнување во планинарството
Александар Герасимовски за постигнување во уметноста – музика
Кандидати ученици и студенти:
Марко Костов за постигнување во природните науки
Марко Ристов за постигнување во спортот – фудбал
Кандидати правни лица:
Туристичка агенција Атлас Корпорејшн за постигнување во туризмот

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар