А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нафтени компании заработиле 562.000 евра од затајување данок

by А1он28/10/2015 - 11:14205
Share0

Управата за финансиска полиција по добиени оперативни сознанија за сторен финансиски криминал, откри разработена шема за празнење на државниот буџет, преку поврат на ДДВ со употреба на фалсификувани фактури за наводна набавка на нафта од Рафинеријата Окта од Скопје.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Управата за финансиска полиција, главен организатор на криминалната група е лицето Р.В (47) од Скопје, сопственик и управител на фирмата Марели-Импекс ДООЕЛ од Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје.

Првопријавениот Р.В (47) во својство на управител, сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје, во периодот 2011-2015 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во сметководството на фирмите употребил фалсификувани фактури за наводно извршени набавки на нафта од скопската рафинерија Окта.

Финансиската полиција кај дел од осомничените изврши претрес на дом, деловни простории и возила при што се пронајдени бланко фактури со печати од една од фирмите кои учествувале во „нафтениот бизнис“ како и 15 фалсифувани фактури наводно издадени од Рафиеријата Окта од Скопје на правното лице Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје, во вкупен износ од 369.000 евра со вкалкулиран ДДВ и 28 фалсификувани фактури во вкупен износ од 1.015.000 евра со вкалкулиран ДДВ исто така со логото и меморандумот на Рафинеријата Окта од Скопје, наводно издадени на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје.
Првопријавениот Р.В (47) свесен дека разработената криминална шема за брзо и лесно богатење на сметка на државната каса нема да биде во можност да го реализира само преку неговата фирма Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје која била презадолжена и не била ликвидна за натамошни кредитни оптоварувања, во криминалната игра ја вклучил и ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје фирма во сопственост на неговиот пријател и бизнис партнер З.Д кој подолг период е на привремена работа во странство.

Управата за финансиска полиција во насока на целосно расчистување и документирање на случајот, изврши проверки и во Рафинеријата Окта во Скопје при што во целост се потврди сомневањето за сторен финансиски криминал од страна на првопријавениот Р.В (47). При проверка во интерниот електронски систем на Окта Рафинерија АД Скопје утврдено е дека купувачи со такви називи на фирми не постојат и дека со истите никогаш рафинеријата немала деловни односи. Воедно при контролата во Рафинеријата Окта утврдено е дека меморандумот на кои се изготвени сомнителните фактури не одговара на образецот кој се користи од страна на Окта Рафинерија АД Скопје во годината на која се однесуваат истите. Употребениот меморандум Окта Рафинерија АД Скопје го употребувала во 2008 година, 2009 година и 2010 годин, а по 2010 година истиот содржински е изменет и не одговара на оној кој е употребен од страна на пријавениот Р.В (47). Истрагата на Финансиската полиција покажа дека и потписот на одговорното лице од Рафинеријата е фалсификуван, фалсификуван е и печатот кој е употребен на фактурите а се разбира за да се затскрие криминалната шема, фалсификувани се и сите испратници на кои како транспортери на наводно набавената нафта евидентирани се непостоечки камиони и возачи.

Во шемата за лесно богатење и прикривање на криминалот се вклучил и сметководителот на Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје и ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје, четириесет и седум годишниот С.Р од Скопје, кој иако бил свесен дека нема нафта набавена од Рафинеријата Окта од Скопје, преку неговото сметководствено биро, на главниот организатор му помагал во изготвување на огромен број на цесии, компензации и асигнации со разни коминтенти се со цел губење на трагите од нафтата која впрочем никогаш и не била набавена.
Организаторот на криминалната шема Р.В(47) веднаш откако е разоткриен во неговите финансиски малверзации,  нелегално ја напуштил Република Македонија и истиот се уште е недостапен за органите на прогонот, заради што по истиот ќе биде распишана меѓународна потерница.

Финансиската полиција поради постоење сомневање за финансиски криминал и кај поголем дел од коминтентите на двете осомничени фирми, презема дополнителни активности за проверка на поголем број сомнителни финансиски трансакции што овие фирми ги имале со сега пријавените.

nafta

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Горан Наумовски24/03/2025 - 21:24

Нови цени на горивата

Горан Наумовски03/03/2025 - 13:52

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Горан Наумовски05/12/2024 - 19:30

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски21/11/2024 - 18:5721/11/2024 - 18:58

Спречен шверц на нафта од македонска на албанска територија

Горан Наумовски22/08/2024 - 14:34

Зелената транзиција заглави: Над 400 градинки и училишта ќе користат дрва и нафта за греење

A1on10/11/2023 - 12:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен