Наезда на змии во Охрид

Од:

Наезда на змии и глувци во делови на Охрид, особено во стариот дел на градот. Овие фотографии кој ни ги испрати еден граѓанин се направени токму во населбата Варош.
Жителите велат дека аларамот е вклучен и оти надлежните институции под итно треба да превземат соодветни мерки. Најалармантно велат било во делот под Самоиловите тврдини каде имало поголеми површини со трња и висока трева.

Еден граѓанин ни кажа оти минатата година ја продал куќата која што ја имал таму и се преселил во долниот дел од населбата. Охриѓани велат туристите да не се плашат бидејќи тие змии не биле отровни и оти во овој период од годината тоа било нормална појава.

„Во нашата куќа дома имаше смок, змија голема и никого не касаше и си самата си ојде. Не се опасни тие, не касат. Ако ја згазниш нормално. Да не се плашат туристите. Охрид е чист град“, вели еден жител на стариот дел на Охрид.

Од охридскиот Завод за здравствена заштита за А1 велат дека појавата на змии и глувци е резултат пред се на топлото време. Но ја повикуваат општината да изврши дератизација на целиот град, бидејки тоа било нивна законска обврска, а граѓаните да внимаваат каде се движат бидејки змиите отровнции биле опасни по животот на луѓето.

„Стоплувањето на времето нагло, појавата на влекачи меѓу кои и змиите, смоковите е повеќе зголемена. Граѓаните укажуваат на тоа дека има појава повеќе. Околу глодарите тоа е посебна приказна. Со години алармираме дека во Охрид не е направена дератизација, една од обврските која ја има локалната, која се прави системски бидејќи глодарите се пренесувачи на заразни заболувања. Одговорот зошто не се прави дератизација ќе го барате во локалната самоуправа“, вели Атанаско Михаилов директор на Завод на здравствена заштита.

Од општина Охрид за А1 рекоа дека какви мерки треба да се превземат треба да каже Заводот за здравствена заштита како надлежна институција. Тие пак дека обврската тоа да го прави со законот за јавно здравје го имала општината, а центарот вршел само стручен надзор на работата.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски