Надзор над АКМИС системот и во 2019 година

Од:

Надзор над АКМИС системот ќе биде вршен и следната година и ќе бидат опфатени нови судови, но и дел од оние каде беа утврдени неправилности. Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека надзорот над АКМИСот останува стратешка определба на Владата.

– Овој месец донесов решение за надзор над АКМИСот во 16 судови кој ќе се спроведува во текот на 2019 година. Комисијата која во изминатиот период направи увид, најверојатнио сега ќе врши надзор со тоа што сега опфатени се и нови судови, како и дел од судовите кај кои беше извршен надзор, а кај кои беа забележани недостатоци. Се врши повторен надзор за да видиме дали имаме усогласување. Континуираниот надзор над АКМИСот е стратешка определба која е влезена во програмата на Владата и Министерството за правда и ќе почнеме да го реализираме веќе од јануари, изјави Дескоска.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on