Надминати недоразбирањата на релација СВР Тетово – општина Гостивар

Од:

Надминување на досегашните недоразбирања и воспоставување нормална комуникација за подобра соработка помеѓу локалната власт и полицијата беше повод за денешната работна средба на началникот на СВР Тетово Амир Далипи, командирот на полициската станица Гостивар Гази Абдурахими и гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, одржана на иницијатива на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

По средбата на прес – конференцијата во Гостивар беше кажано дека двете страни се согласија дека со меѓусебна соработка може да се постигне многу во подобрувањето на безбедноста во општина Гостивар и ефективна реализација на разни активности кои што општина Гостивар ги спроведува на својата територија.

– За досегашниот однос и разни недоразбирања, можеби вината е обострана. Но, ние треба да гледаме напред и да ги надминеме овие проблеми. Тоа треба да биде во интерес на граѓаните на општина Гостивар и на тој начин да воспоставиме ефективна комуникација и соработка која ќе ги даде очекуваните резултати, рече Таравари по средбата.

Началникот на СВР – Тетово, Далипи, ја нагласи потребата од подобра комуникација. Тој исто така истакна дека имало недоразбирања, но нагласи дека денеска тој и неговите соработници дошле на средбата со цел тие да се надминат и да не се повторуваат во иднина.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар