Надминат проблемот со водоснабдувањето во високите зони во општина Аеродром

Од:

Завршен е проектот на ЈП Водовод и канализација со кој ќе се надмине проблемот со водоснабдувањето во високите зони во општина Аеродром.

Станува збор за реконструкцијата на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должиина од 450 метри.

– Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. Вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП Водовод и канализација – Скопје, наведуваат од Јавното претпријатие.

Поради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција, од ЈП информираат дека в понедленик (12.11.2018) без вода за пиење од 9 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. Кај дел од корисниците во Кисела Вода можно е да има намален притисок додека траат активностите.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски